Незапирливиот Харден: Нов НБА рекорд на новогодишната ноќ… (ВИДЕО)

Кошаркарите на Хјустон ја запишаа петтата едноподруго победа во НБА лигата славејќи против Мемфис со 113-101 во меч кој го одбележа Џејмс Харден.

Харден запиша „трипл-дабл“ од 43 поени, 10 скока и 13 асистенции продолжувајќи ја фантастичната серија. На тој начин стана првиот кошаркар во НБА историјата кој постигнал 35 пони и пет асистенции во осум едноподруго натпревари. Кога се ќе се собере за него ова беше десетти меч по ред со повеќе од 30 поени.

Благодарение на неговата извонредна серија Хјустон 2018 година ја завршија со серија од 10-1 во декември.

„Одлично е чувството кога ќе ги погледнете сите тие бројки. Сепак, мислам дека можам и подобро. Се обидуваме да дојдеме до првата позиција во конференцијата, мора да продолжиме на овој начин“ – задоволен е Харден.

Покрај него, сосема добра партија имаа и Клинт Капела со 19 поени и 13 скока, како и Џералд Грин со 18 поени. Кај Мемфис, пак, Кајл Андерсон постигна 20 поени.

Синоќа се одиграа уште пет меча во НБА лигата во кои Оклахома славеше против Далас со 122-102, а Голден Стејт на гостински терен беше подобар од Фенис со 109-132. Шарлот беше подобар од Орландо, а Сан Антонио го победи Бостон. Њу Орлеанс славеше против Минесота со 123-114.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...