Незапирливиот Лука Дончиќ: Со новиот трипл- дабл израмни рекорд стар 35 години (ВИДЕО)

Далас ја забележа четвртата сезонска победа во НБА лигата триуфирајќи убедливо на гостувањето кај Кливленд со 131-111. Доминантна фигура беше Лука Дончиќ кој повторно забележа трипл-дабл ефект. Постигна 29 поени, имаше и 14 скока и 15 ассистенции.

Со овој биланс израмнува постигнување старо 35 години кое му припаѓа на Оскар Роберстсон од 1965 години. Дончиќ е само вториот по Робертсон кој постигнал најмалку 25 поени, 15 асистенции и 10 скока на два врзани натпревара. За Словенецот ова е 11 трпл-дабл во кариерата.

 

Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа петтата последовна победа, славеа на гостувањето кај Сан Антонио со 103-96 и сега со ефект од 5-1 се лидери на Западната конференција. „Лејкерс“ го имаат само поразот од градскиот ривал, Лос Анџелес Клиперс во првиот дуел од сезоната. Леброн Џејмс врза втор трипл-дабл во серија. Постигна 21 поени, а имаше и 11 скока и 13 асситенции. Ентони Дејвис беше прв стрелец кај „лејкерс“ со 25 поени.

До петтата сезонска победа дојдоа и Лос Анџелес Клиперс, но од седум натпревари. Во триумфот над Јута од 105-94 ги предводеше Каваи Ленард кој постигна 30 поени. Клучна за успехот на „клиперс“ беше последната четвртина од средбата која им припадна со 40-25.

Мајами има одличен ефект на почетокот од сезоната. Ја продолжи триумфалната серија и забележа убедлив тирумф над Хјустон од 129-100. Уште во воведната четвртина која ја доби со огромни 46-14, Мајами ја направи разликата за победа. Жешките се на вторто место во Источната конференција зад Филаделфија која досега нема пораз.

 

Се вчитува...