НФЛ ќе казнува за непочитување на американската химна

НФЛ екипите чии играчи нема да стојат мирно при интонирањето на американската химна ќе добиваат казни, реши раководството на Американската фудбалска лига. Ова одлука е донесена откако во неколку наврати, играчи на НФЛ клубовите клекнуваа на колена додека беше интонирана химната на САД во знак на протест поради расна или етничка нееднаквост или пак поради полициска бруталност.

Играчите имаат право да останат во соблекувалните за време на иѕведувањето на химната.

„Оваа сезона сите играчи и персоналот на клубовите ќе мора да стојат и да покажат респект за знамето и за химната. Веруваме дека оваа одлука ќе го задржи фокусот на спортот и на неверојатните спортисти кои се дел од него“ – изајви комесарот на НФЛ лигата, Роџер Гудел.

По повеќемесчна дебата, одлуката со гласање ја донесоа сопствениците на сите 32 клуба. Нивниот став е дека ова решение е најправедно за сите. Одлуката беше соопштена само еден ден откако НФЛ клубовите решија да дадат 90 милиони долари на инцијативите за социјална правда.

Се вчитува...