НФЛ ѕвездата пред развод: Враќањето од пензија кобно по бракот на Том Брејди

Спортот направи проблеми во бракот на Том Брејди и Жизел Бундхен, објавуваат светските медиуми. По 13 години брак, семејната идила помеѓу ѕвездата на американскиот фудбал и бразилскиот супермодел е пред крај.

Причината е неодамнешна кавга поради желбата на легендарниот НФЛ играч да ја продолжи професионаланта кариера и покрај тоа неодмана објави пензија.

„Сфатив дека моето место се уште е на теренот, а не на трибините. Се вратив за во мојата 23-та сезона да настапувам во Тампа. Имам незавршена работа“, напиша Брејди во март.

Гласините за несогласување меѓу двојката се интензивираа откако Брејди пропушти 11 дена од тренинзите на неговиот тим во август. На прашањето за неговото исчезнување, спортската ѕвезда рече:

„Сето тоа е лично… секој има различни ситуации со кои се соочува. Сите ние имаме навистина уникатни предизвици во нашите животи. Јас имам 45 години, многу работи се случуваат“

Според американските медиуми, Брејди го напуштил семејниот дом и сега живее сам. Тој и Жизел се во брак од 2009 година, но нивната врска започна три години порано.

Се вчитува...