Борусија Дортмунд одолеа на понудите за услугите на Ерлинг Халанд во зимскиот преоден рок, но се поголема е веројатноста дека норвешкото „чудо од дете“ ќе ја промени средината ова лето.
За неговите услуги се заинтересирани шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, но последните информации велат дека во трката влегол и Манчестер Сити кој во младиот голгетер гледа вистинска замена за Серхио Агуеро.
За заминувањето на Халанд се подготвува и Борусија Дортмунд, а извршниот директор Ханс Јоакин Ватцке кој во минатото ги отфрлаше шпекулациите за заминување, сега изјави дека неговиот тим е навикнат на заминување на најдобрите фудбалери и кога една ѕвезда заминува, клубот создава друга.
„Престанав да се трудам да ги негирам медиумите. Во спротивно мојот ден ќе трае 36 часа. Во овој момент немаме никакви информации од самиот играч дали сака да остане или не, ниту пак сме добиле конкретна понуда. Но, јасно е дека финансиски не можеме да парираме на понуди од клубови како Манчестер Сити. Ние се најдовме во оваа ситуација неколку пати до сега. Останавме без Левандовски, па без Обамејанг. Ние сме Борусија Дортмунд, ќе направиме друга ѕвезда ако Халанд замине. Ќе најдеме млад талент и ќе го развиеме, а тоа ќе биде добро и за Бундеслигата“, изјави Ватцке.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА