Нијаз Лена го засили второлигашот Струга Трим Лум

Второлигашот Струга Трим Лум ги засили своите редови со поранешниот македонски репрезентативец Нијаз Лена.

По интернационалната кариера, 31-годишниот Лена се враќа во македонскиот фудбал засилувајќи го средниот ред на Струга ТЛ. Лена од 2017 година настапуваше за Теута во албанското првенство, а претходно беше дел и од Кукс и Фљамуртари. Во Првата македонска фудбалска лига играше во дресот на Македонија ЃП од 2006 до 2010 година кога стигна и до шампионската титула со овој тим.

Од Струга ТЛ, пак, заминува Антонио Каланоски кој се сели во редовите на прилепска Победа.

Се вчитува...