Ник Кирјос го измачи Рафа Надал, Шпанецот сепак е во четвртфинале

Рафаел Надал го обезбеди 12. четвртфинале на Австралија Опен. По триумфот со 3-1 во сетови над Ник Кирјос во осминафиналниот дуел, Шпанецот обезбеди пресметка за место во полуфиналето против Доминк Тим.

Третиот сет беше најсивцрпувачки и решавачки за исходот од пресметката меѓу Надал и Кирјос. По долга борба, во тај-брејк му припадна на првиот тенисер во светот и со тоа тој поведе со 2-1 во сетови. Претходно, Надал го доби воведниот сет до 6-3, идентично одговри Кирјос во вториот сет. Во четвртиот сет, шпанскиот тенисер кој од грен-слемот во Мелбурн има само една титлуа и тоа од 2009 година, беше подобар со исто така во тај-брејк.

Претходно Стансилас Вавринка и Александар Зверев си закажаа четвртфинален дуел. Швајцарецот во осминафинлето го елиминираше Данил Медведев со 3-2 во сетови, а Зверев беше подобар од Андреј Руљев во три сета.

Се вчитува...