Австралискиот тенисер Ник Кирјос изјави дека има голема желба да се испроба во професионалната кошарка по завршувањето на својата тениска кариера.
Како гостин во подкастот „Make Noise“, Кирјос истакна дека неговата цел е да остави трага во два различни спорта.
„Сакам во одреден момент да играм професионална кошарка. Една од моите следни цели во кариерата е да бидам професионалец во два спорта. Кога ќе ја завршам тениската приказна, би сакал да играм професионална кошарка некаде во Европа. Сакам да бидам еден од оние спортисти што професионално се занимавале со два спорта на сериозно ниво“, рече Кирјос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
