Поразот на Карлос Алкараз од Бен Шелтон во четвртфиналето на УС Опен, ја продолжи традијата која започна во 2008 година.
Имено, од 2008 година, па досега ниту еден тенисер не ја одбранил титулата на УС Опен.
Последен на кој успеал да направи ваков подвиг е Рожер Федерер кој од 2004 до 2008 година освои пет титули по ред на терените на „Флешинг Медоуз“. Федерер имаше шанса и во 2009 година да слави, но во финалето загуби од Хуан Мартин дел Потро.
Оттогаш никој не успеал да ја одбрани титулата, најблиску беа Рафаел Надал кој во 2011 година во финалето загуби од Новак Ѓоковиќ, како и српскиот тенисер кој имаше две шанси да ја урне традицијата.
Во 2012 година беше поразен во финалето на УС Опен од Енди Мареј, а во 2016 година подобар од него во финалната битка за трофејот беше Станислас Вавринка.
Последен кој имаше шанса за вакво постигнување беше Јаник Синер, но во ланското финале загуби од Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
