Никлас Бентнер потпиша за Розенборг

Данскиот напаѓач Никлас Бентнер, кој своевремено беше огромен фудбалски талент и откритие на Арсенал, потпиша договор со норвешкиот клуб Розенборг. Тој досега го носеше дресот на Нотингем Форест, а Розенборг ќе биде негов седми клуб во кариерата.

Бентнер е познат по сензационалните изјави дека е подобар од Меси и Роналдо, а често беше во фокусот на вниманието и поради своите епски промашувања. За репрезентацијата на Данска тој има одиграно 72 натпревари и постигнато 29 гола.

Се вчитува...