Нико Ковач објави одлична вест за Борусија Дортмунд

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач ги израдува навивачите на „милионерите“ со информацијата дека најдобриот дефанзивец Нико Шлотербек е многу блиску до камбек на терените.

Германскиот репрезентативец заработи тешка повреда на самиот старт на СП 2026, се најавуваше дека ќе паузира до ноември, но Шлотербек забрзано се опоравува и веќе почна со тренинзи, не чувствувајќи никаква бола во повредениот скочен зглоб.

„Нико е се подобро, доаѓа, тренира, трча и напредува секој ден. Се надевам дека за десетина дена ќе се приклучи на тимските тренинзи. Нема да брзаме, но самиот факт дека е тука со тимот е одличен за сите“, изјави Ковач.

Останува да се види дали дефанзивецот би можел да се врати за дуелот со Штутгарт закажан за 19 септември или неговиот камбек ќе го проследиме по репрезентативната пауза.

Се вчитува...