Нико Ковач седнува на клупата на турски великан

Хрватскиот стратег Нико Ковач е пред потпис со турскиот великан Фенербахче. Турските медиуми пишуваат дека поранешниот тренер на Баерн Минхен е прв фаворит за седнување на клупата на тимот од Истанбул, а покрај него како кандидат за преземање на Фенербахче се споменува и поранешниот тренер на Волфсбург, Бруно Лабадија.

Фенербахче 19 пати ја освојуваше титулата шампион на Турција, но последните години не е на нивото на кое што се надеваат фановите. Во моментов се наоѓа на седмото место на првенствената табела, а управата интензивно бара наследник за отпуштениот тренер Ерсун Јанал.

За потсетување, Нико Ковач доби отказ на крајот на минатата година во Баерн Минхен.

Се вчитува...