Никогаш досадно со Барселона – Каталонците во луд меч до финале во „Копа дел Реј“ (ВИДЕО)

Никогаш досадно со Барселона е веќе „излитена“ фраза во светот на фудбалот. Каталонците иако играат променливо годинава уште еднаш покажаа дека секогаш играат неверојатни натпревари. Избраниците на Роналд Куман успеаја да ја неутрализираат предност од 2-0 за Севилја по првиот натпревар, откако во реваншот на „Камп ноу“ славеа со 3-0.

Водство за домаќините донесе Дембеле во 12. минута со прекрасен гол. Гостите може да жалат бидејќи Окампос не искористи пенал во 73. минута, а казната стигна во 94. кога Пике го однесе натпреварот во продолженија.

Бретвајт со гол во 95. минута донесе ново финале за Барселона во „Копа дел Реј“.

 

 

 

Се вчитува...