Никогаш не го отпишувај „кралот“ – Родриго го врати Реал Мадрид во живот (ВИДЕО)

Реал Мадрид повторно приредува шокатна завршница во Лигата на шампионите сезонава. Иако веќе по кој знае кој пат беа отпишани откако Ријад Махрез донесе водство од 0-1 за Манчестер сити, „кралевите“ во луд финиш повторно се спасија по кој знае кој пат.

Родриго е херојот кој го слават навивачите на „кралскиот клуб“. Прво во 90. минута израмни на 1-1, а само две минути подоцна донесе и водство од 2-1, резултат со кој повторно ќе гледаме продолженија.

 

 

 

 

Се вчитува...