Никој како Јувентус – „старата дама“ е рекордер по бројот на светски шампиони

Бразил е земјата со најмногу светски титули, со самото тоа и со најголем број на фудбалери кои станале светски шампиони, но кога станува збор за оваа категорија од клупски аспект, тогаш рекордер е италијанскиот гигант Јувентус.

„Старата дама“ и пред СП во Катар беше рекордер по бројот на светски шампиони, а со Паредес и Ди Марија дополнително се заврсти на врвот на листата. Баерн имаше шанса да го стигне Јуве ако Германија се пласираше на првото место, но тоа не се случи, па најтрофејниот италијански клуб останува и најтрофеен во светот кога станува збор за мундијалските шампиони.

Јувентус во своите редови низ историјата имал дури 27 светски прваци, а пред Ди Марија и Паредес тоа биле: Бертолини (Италија 1934), Борел (Италија 1934), Калигарис (Италија 1934), Комби (Италија 1934), Ферари (Италија 1934), Монти (Италија 1934), Орси (Италија 1934), Росета (Италија 1934), Варглиен (Италија 1934), Фони (Италија 1938), Рава (Италија 1938), Ѕоф (Италија 1982), Кабрини (Италија 1982), Џентиле (Италија 1982), Ширеа (Италија 1982), Тардели (Италија 1982), Роси (Италија 1982), Дешамп (Франција 1998), Зидан (Франција 1998), Буфон (Италија 2006), Канаваро (Италија 2006), Дел Пјеро (Италија 2006), Каморанези (Италија 2006), Ѕамброта (Италија 2006) и Матуиди (Франција 2018).

Баерн се наоѓа на второто место со 24 светски прваци во своите редови, Интер сега има 21 благодарение на Лаутаро Мартинез, додека Рома е четврта на оваа ранг-листа со 17 фудбалери кои биле светски шампиони, последен е Пауло Дибала од овој шампионски состав на Аргентина.

Се вчитува...