Никој како Македонецот: Томовски е апсолутно број 1 во втората Бундес-лига

Мартин Томовски продолжи со брилијантните партии во дресот на Битигхајм, со 20 интервенции носејќи ја победата на дуелот против Крефелд.

Македонецот заслужено се најде во тимот на колото, тој е најзаслужниот што Битигхајм е на дела на второто место на табелата, со реални шанси за борба во влез во елитното германско ракометно друштво.

Бројките на Томовски по првите 11 кола од втората Бундес-лига се неверојатни, па така Македонецот е на врвот на рангирањето во речиси сите голмански категории.

Мартин е голманот со најмногу одбрани во лигата (120), воедно и голман со убедливо најдобар процент на одбранети удари (36,3%), пред Бохман од Хаген со 32,6%.

Томовски со десет одбранети седмерци го дели првото место и во оваа категорија, а со два гола и по четири асистенции е на делба на првото место меѓу голманите во овие две категории.

Нема сомнеж дека Томовски е класа за себе во ова натпреварување, јасно докажувајќи дека местото му е во првата Бундес-лига…

Се вчитува...