Никој како Малдини во Серија А: Во пет сезони даде голови за шест различни екипи

Паоло Малдини може да биде горд на својот син Даниеле, кој беше човек на одлука на денешниот дуел во кој Каљари славеше со 1-0 над екипата на Лече.

Паоло е офанзивец за разлика од неговиот татко кој е еден од најдобрите одбранбени фудбалери во историјата, Малдини јуниор тргна од Милан, но сега кариерата ја минува во дел од „помалите“ клубови во Серија А.

Даниеле испиша и историја, станувајќи прв фудбалер во историјата на Калчото што во пет сезони бил стрелец за шест различни екипи во елитното друштво.

Серијата ја почна како тинејџер во дресот на Милан, по што во изминатите сезони беше стрелец и за Специја, Аталанта, Монца, Лацио… и сега за Каљари.

Се вчитува...