Никој како Модриќ: Ги обедини трите најголеми награди во една година

Годината од бајките за Лука Модриќ беше заокружена синоќа, на гала свеченоста на ФИФА, кога Хрватот го доби признанието „The Best“, најдобар фудбалер во светот на Светската фудбалска организација. Хрватот успеа да направи нешто што на никого досега не му успеало, ги обедини трите најголеми индивидуални награди во една година.

Модриќ беше прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство во Русија, потоа ја доби наградата од УЕФА за најдобар во 2018 година, а на крајот ја заокружи и со признанието на ФИФА.

Најблиску досега до вакво остварување беше Бразилецот Роналдо во 1998 година, кога ги доби наградите на УЕФА и на ФИФА за најдобар фудбалер.

Се вчитува...