Никој не може да ги достигне „докторот“ – Валентино Роси на мотор „го обиколи“ светот

Ветеранот во Мото ГП, Валентино Роси, викендов на трката за ГН на Шпанија ќе запише уште едно неверојатно достигнување. Во 15.круг на патеката „Херес“, „докторот“ ќе ја премине границата од 40.075 изминати натпреварувачки километри.

Точно толку изнесува растојанието по екваторијалната линија околу земјата. Или тоа значи дека Роси во изминатите речиси две и пол децении на моторот поминал километража како да го обиколил светот. Поточно, таа дистанца  „докторот“ на мотор ја достигна во 23 сезони во кои запиша 115 победи, 228 подиуми и девет шампионски титули на патеките низ целиот свет.

Трката за ГН на Шпанија што ќе се вози викендов на „Херес“ ќе биде 369 во кариерата на Валентино Роси. Легендарниот Италијанец е и најуспешниот возач на патеката „Херес“ со девет победи – по една во класата 125 и класата 250 и седум во „кралската класа“.

Се вчитува...