Никој не пее “We are the champions” полошо од Игуаин (видео)

Одлично беше расположението во соблекувалната на Челси по големиот триумф во Баку, а во еден момент фудбалерите ја запеаја добро познатата нумера “We are the champions”.

А Гонзало Игуаин токму во тој момент имаше снимка во живо на својот профил на социјалните мрежи, па сите можеа да се уверат дека никој не пее полошо од аргентинскиот голгетер. Кој патем речено не ги знаеше ниту оние десетина зборови од рефренот на оваа светски позната нумера.

Се вчитува...