„Никој не смее да го критикува Зидан“

Легендата на Реал Мадрид, Икер Касилјас смета дека никој нема право да го критикува тренерот на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан. Во последно време се повеќе се зборува за заминувањето на францускиот стручњак од Реал, иако има шанси „кралскиот клуб“ да ја освои титулата во Примера.

Касилјас потенцираше дека Зидан е неверојатен тренер, а тоа што тој го има направено за Реал е тешко и речиси неповторливо, па секој фудбалски стручњак може само да му се поклони и да му подзавиди.

„Никој не смее да го критикува Зидан. Она што го постигна тој е неверојатно, само неколкумина можат да постигнат такви резултати“, изјави Икер.

Реал Мадрид има два бода помалку од градскиот ривал Атлетико пред денешното последно коло во кое „кралевите“ ќе играат против Вилјареал, додека ривал на „јорганџиите“ ќе биде Валјадолид.

„Би сакал Реал да биде освојувачот на титулата, се надевам дека Валјaдолид ќе ни помогне овој викенд. На сите им посакувам среќа, но се надевам дека Реал ќе ја освои Ла Лига“, додаде легендарниот голман.

Се вчитува...