Никој не знае што се случува со Иличиќ, навивачите на Аталанта веќе се збогуваат со Словенецот

Јосип Иличиќ имаше извонредна сезона во дресот на Аталанта, на 34 средби во сите натпреварувања постигна 21 гол и имаше седум асистенции, но словенечкиот ас во последниот месец не му беше на располагање на тренерот Гасперини. Словенецот се мачи со депресија, по мрачните месеци во Бергамо за време на корона-хаосот, а дел од медиумите пренесоа дека има проблеми поради тоа што дознал дека сопругата го изневерува, но набрзо по скандалот Тијана објави заедничка фотографија со Јосип со што ги демантираше шпекулациите.

По последниот меч против Интер фудбалерите и членовите на Аталанта отворено дадоа поддршка за Словенецот, а сега на него се сетија и најверните фанови на клубот од северот на Италија. По градот осамнаа плакати со поддршка за Иличиќ.

„Во оваа прилика сакаме да му порачеме на Иличиќ дека го сакаме. Бергамо е твојот дом. Кога сакаш, со копачки или без можеш да дојдеш да се напиеме пиво“, порачаат навивачите на Аталанта. 

Проблемите кои ги има Иличиќ не се едноставни, a пораката на навивачите изгледа како проштална. Наводно фудбалерот одлучил дефинитивно да стави крај на кариерата.

Се вчитува...