Никола Филевски останува и следната сезона во Брегалница

Младиот голман Никола Филевски останува во Брегалница откако пропадна неговиот трансфер во српски Јавор Ивањица.

Репрезентативниот чувар на мрежата до 20 и 21 година не успеа да се регистрира за тимот од Ивањица. Причина за ова се строгите правила на Фудбалскиот сојуз на Србија, кои драстично го лимитираат бројот на фудбалери надвор од Европската унија во клупските ростери.

По принудното враќање во Македонија, Филевски веднаш потпиша нов договор со Брегалница. Со овој потпис, тој се обврза на верност кон штипскиот клуб и за претстојната сезона 2026/27.

Се вчитува...