Никола Ѓоргиев: Кога веќе одиме на ЕП, да не се задоволуваме со минимум

Лидерот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев е суперзадоволен од начинот на кој тимот работи во подготвителниот период и смета дека со овој интензитен на работа, тој и неговите соиграчи ќе бидат одлично подготвени за дебитантскиот настап на Европското првенство во Словенија.

„Најнапорни подготовки во мојот живот. Среќен сум дека 90 поминавме без повреди со исклучок на Ѓорѓиев и на Маџунков. Одлично ќе бидеме подготвени бидејќи навистина уживаме во ова што го правиме. Имаме осум контролни натпревари, тоа е доволно. иако тоа се неофицијални натпревари и менталниот склоп не е ист како на официјален натпревар. Имаме квалтиетни противници, потоа и ќе одиме и малку да се адптираме во Словенија“ – вели капитенот.

Ѓоргиев ги детектира работите кои се позитивни во националниот тим, но и оние на кои треба многу да се работи за да биде постигнато посакуваното квалитативно ниво.

„Со доаѓањето на Ристо Николов репрезентатицјата одбива нов лик, Филип Маџунков има голем напредок оваа сезона во Франција. Ако го подобриме блокот можеме да се натпреваруваме со другите. Секако и сервисот мора дабиде на подобро ниво во однос на квлаификациите, но дефинитнвно блок одрантата мора да биде на многу повисоко ниво. Би сакал да ја видиме Франција, да одиме во втората фаза. Многу е рано сега да се каже. Мора да видме на пријатлеските натпрвари, тогаш ќе може многу подобор да се видат наштие можности за ЕП. И една победа би била добар резултат, но кога веќе одиме на европско  да не се задоволуваме со минумим“ – смета Ѓоргиев.

Македонската репрезентација е длабоко во фазата од подготвките во Маврово, по 15. август се сели во Скопје и ќе почне со одигрување на контролни натпревари. Неколу дена пред почетокот на ЕП, одбојкарите ќе имаат акомодирање на Словенија. Шампинатот го почнуваат на 12. септември.

Се вчитува...