Никола Јокиќ доби искусен ветеран за соиграч во Денвер

Искусниот Демар Дерозан, кој има постигнато 26.711 поени во историјата на НБА, сака да премине во Денвер Нагетс, пренесува американскиот новинар Крис Хејнс.

Станува збор за истиот тим на Денвер Нагетс кој неодамна го загуби Пејтон Вотсон, без да добие ниту еден играч за возврат во размена што многумина во САД ја оценија како катастрофална за клубот.

Тимот за кој настапува Никола Јокиќ беше апсолутно разочарувачки во претходната сезона и беше елиминиран уште во првото коло од плејофот, па раководството предводено од Џонатан Валас и Бен Тензер сакаше да го реорганизира тимот. Сепак, многу лошата ситуација со ограничувањето на буџетот за плати  им ги „врза рацете“ на челниците на Денвер, така што тимот не само што не се засили, туку мораше и да се раздели со играчот кој имаше одличен напредок минатата сезона.

Доколку се решат сите формалности, 37-годишниот кошаркар ќе пристигне во Колорадо како слободен играч. Во претходната сезона, како играч на Сакраменто, тој имаше просек од 18,4 поени и 4,1 асистенција по натпревар, на вкупно 77 одиграни меча.

Се вчитува...