Никола Јокиќ би можел да стане главна тема на НБА-пазарот следното лето, а Американците веќе размислуваат за спектакуларно сценарио и негово заминување во Торонто.
Никола Јокиќ се уште е заштитно лице на Денвер Нагетс и еден од најдобрите кошаркари на планетата, но неговата иднина веќе стана тема на разговор преку океанот. Американските медиуми почнаа да ја анализираат можноста Торонто Репторс следното лето да се обидат да ја искористат ситуацијата околу српскиот ас и евентуално да го доведат во своите редови.
Засега, нема конкретни преговори, ниту пак информации дека Јокиќ сака да го напушти Денвер. Сепак, ситуацијата со неговиот договор отвори простор за бројни шпекулации.
За сезоната 2026/27, Јокиќ има договор вреден нешто повеќе од 59 милиони долари, додека за наредната сезона поседува опција што му овозможува сам да одлучува за својата иднина. Токму затоа некои американски медиуми сметаат дека следното лето би можело да биде исклучително интересно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
