Според „БаскетЊуз“, Никола Миротиќ би можел да го напушти Монако ова лето, бидејќи клубот се соочува со сериозни финансиски проблеми што би можеле да предизвикаат заминување на неколку од неговите најплатени играчи.
Искусниот кошаркар пристигна во Кнежевството од Олимпија Милано минатото лето со желба да му помогне на Монако да ја освои својата прва титула во Евролигата, но сезоната не помина како што се очекуваше. Финансиската криза, промените на клупата, повредите и скратената ротација оставија трага врз тимот.
Во Евролигата, Миротиќ имаше просек од 11 поени и 3,4 скока за 19 минути на паркетот, шутирајќи 48 проценти од поле и 39 проценти за три.
Меѓу клубовите што се споменуваат како можна следна дестинација, се Анадолу Ефес, Фенербахче, Бешикташ, Хапоел Тел Авив и Макаби Тел Авив, имаше и шпекулации за Црвена Звезда, но Партизан наводно би можел повторно да се приклучи во трката.
Црно-белите веќе беа многу блиску до ангажирање на Миротиќ. Во летото 2023 година, се чинеше дека договорот е практично постигнат, а во јавноста се појави информација дека имало и прелиминарен договор со клубот од Хумска. Сепак, трансферот пропадна во последен момент, а Миротиќ ја продолжи кариерата во Олимпија Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
