Никола Митревски најдобар голман во СЕХА за месец октомври (ВИДЕО)

Македонскиот ракометен чувар на мрежата и член на битолскиот Еурофарм Работник, Никола Митревски е избран за најдобар голман за месец октомври во регионалната СЕХА лига.

Митревски во месец октомври запиша 48 одбрани во регионалното друштво, а со 11 интрвенции беше еден од клучните ракометари во победата на битолскиот тим над вицешампионот на Европа, Веспрем од 34-30.

Се вчитува...