Никола Серафимов потпиша за унгарски Залаегерцег! (ФОТО)

Еден од најдобрите млади македонски фудбалери, Никола Серафимов својата кариера ја продолжува во унгарскиот Залаегерцег.

Младинскиот репрезентативец на Македонија, го заврши договорот со Академија Пандев, денеска официјализирајќи го трансферот во унгарскиот клуб.

И покрај тоа што имаше опции за продолжување на кариерата и во други европски клубови, сепак на крајот Серафимов се одлучи да ја прифати понудата на Унгарците. 21-годишниот Никола Серафимов, кој фудбалски потекнува од школата на Вардар, претходно во кариерата има настапи и за Пелистер, Брегалница и чешка Јихлава.

Се вчитува...