Никола Силаџи од Кожув потпиша за Пелистер

Пелистер донесе значително засилување во пресрет на клучниот дел од сезоната откако денеска потпиша договор со Никола Силаџи. Српскиот интернационалец пристигнува од редовите на Кожув, каде имаше одлични игри во последните неколку месеци откако потпиша договор со клубот од Гевгелија.

Битолчани беа во потрага по кошаркар кој ќе ја зголеми конкуренцијата на центарската позиција, каде огромен товар од самиот старт на сезонава падна врз Кесар. Силаџи е кошаркар што според карактеристиките е многу сличен на Кесар, покрај квалитет во рекетот има и прецизен удар од далечина, така што овој кошаркар би требало во најскоро време да стане значајно „оружје“ за тренерот Марјан Илиевски.

Силаџи е второто засилување што Пелистер го ангажира месецов по доаѓањето на Петар Николиќ од редовите на Работнички.  Новото засилување ќе дебитира во дресот на Пелистер на дербито против МЗТ Скопје, дуел што најверојатно ќе се игра следниот викенд.

Се вчитува...