Никола Тошески, наскоро нов голман на Победа?!

Никола Тошески, кој својата досегашна фудбалска кариера ја градеше во Србија, во текот на наредните денови би требало и официјално да стане нов чувар на мрежата на прволигашот Победа.

После заминувањето на Ванче Манчевски, прв голман на клубот од Прилеп беше Давор Талески, но управата реши да доведе уште еден играч на таа позиција. 21-годишниот Тошески во изминатите неколку дена се наоѓа на проба во тимот на Зоран Штерјовски и големи се шансите тој да остане во екипата.

Тимот од Прилеп се наоѓа на подготовки во Охрид, а до крајот на зимскиот преоден рок управата на клубот ќе се обиде да ангажира и левокрилен дефанзивец.

Се вчитува...