Николае Дича ќе ја води Романија на мечот против Македонија

Мирел Радои и дефинитивно нема да ја води Романија на првиот квалификациски натпревар за пласман на СП 2022 против Македонија на 25. март во Букурешт.

Радои кој е позитивен на Ковид-19 нема да може да биде на клупата на романската репрезентација, па како што пренесуваат романските медиуми неговото место ќе го заземе асистентот Николае Дича, поранешен истакна репрезентативец на Романија.

„Мирел се чувствува добро, без никакви симптоми. Тој е во изолација, и сосема јасно ние останатите од стручниот штаб ќе го водиме тимот во следниот период. Селекторот ќе може да биде на клупата на Македонија само доколку до 24 март покаже два негативни теста. Во спротивно, ние секако сме подготвени да го водиме тимот на квалификациските дуели“ – вели Дича.

Се вчитува...