Николиќ: Карпош е Југославија во мало, сега знам како им е на Жељко, Дуда, Дуле…

Карпош Соколи синоќа загуби со 76-72 на гостувањето против Партизан во Белград во 17. коло од АБА лигата. Тренерот на „соколите“ Драган Николиќ по мечот истакна дека Партизан заслужено победил, а нему му е драго што на Божиќ си бил во Белград меѓу пријателите.

„Драго ми е што на ваков ден бев меѓу пријатели. Многумина ме прашуваа што очекувам, а јас им реков дека ќе пробаме да се бориме и ќе пробаме да се избориме. Ете, се борвме, но не се изборивме до крај. Партизан заслужено победи“ – истакна Николиќ, за кого посебен впечаток оставил приемот во Белград:

„Не очекував дека и пред мечот и после мечот ќе бидам дочекан и испратен со аплаузи. И благодарам на публиката за тоа. Сега знам како им е на Дуда, Жељко, Дуле и на другите… Се уште сум под впечаток на тоа. Им благодарам на сите. Се надевам дека и ние не ја разочаравме публиката“.

Николиќ за српските медиуми потенцирал и дека во Карпош Соколи цимери се Срби и Хрвати… Тоа е препознатливо за тимо и носи дополнителна енергија и во играта.

„Карпош Соколи е Југославија во мало“ – низ смеа прокоментирал Николиќ.

Се вчитува...