Николиќ лут: Игравме онака како што противникот посакуваше…

Стратегот на Карпош соколи, Драган Николиќ, беше разочаран од изданието на своите избраници против Црвена звезда, меч што „соколите“ убедливо го загубија, со што беше прекината нивната серија од осум домашни победи во низа во АБА-лигата.

„Добро почнавме, но видовте што се случи кога почнаа ротациите. Резервите на Црвена звезда постигнаа 49 поени, исто колку и нивните стартери. За споредба, нашата клупа постигна 10 поени, но јас сум најразочаран од играта во одбраната, во која воопшто не успеавме да го запреме противникот. Игравме онака како што противникот посакуваше, загубивме многу топки, вкупно 21 на натпреварот… Во првиот дел се одржувавме со прецизни удари од далечина, во продолжението не постигнавме ниту една тројка, па разликата драстично се зголеми“ – изјави Николиќ.

Се вчитува...