Николиќ по победата: Тимот ми го составуваа лекарите…

Стратегот на Карпош соколи, Драган Николиќ, истакна дека се соочувал со проблеми при изборот на тимот за денешниот натпревар со Вардар, „„Соколите“ многу потешко од очекувањата стигнаа до триумф над аутсајдерот, но за Николиќ најважно е што првата пречка е мината, а пласманот во полуфиналето обезбеден.

Денес повеќе од мене тимот ми го составуваа лекарите на клубот. Сепак, со исклучок на двајца кошаркари кои со минутажата отидоа повеќе од предвиденото, остатанатите одиграа како што планиравме. Јас не ни го гледав конечниот резултат, важно ни е дека победивме, бидејќи во Купот да се победи со 8 или 88 разлика е исто. Утре ќе бидеме поподготвени, верувам ќе настапиме со максимални сили против Работнички или Куманово. Не бегаме од улогата на фаворит во Купот, тоа АБА-лигашите мора да бидат. Така и ние и МЗТ Скопје, како и клубовите кои играат во Јадранската лига од регионот се фаворити за освојување на трофејот. Но, знаете дека и помалите екипи се надеваат на подвиг, впрочем тој полесно е да се направи во Купот, каде е само еден натпревар, само 40 минути и многу работи зависат од денот и расположението, отколку во плеј-офот каде се игра на 3-4 добиени натпревари“ – изјави Николиќ.

Карпош соколи во полуфиналето ќе го очекува подобриот од дуелот Куманово – Работнички, а плејмејкерот Кендрик Пери нема посебна желба околу тоа кој ќе биде следен ривал на „соколите“.

„Започнавме одлично, со агресивна игра, а потоа си дозволивме да се опуштиме во второто полувреме. Тогаш шанса добија и помладите играчи кои едноставно немаат доволно искуство, но ова изложување на притисок беше добро за нив. Среќа за нас, успеавме да се вратиме и да победиме. Како што знаете, во Купот нема фаворити. Едноставно играте добро и имате ’добар ден’. Не размислуваме за тоа кој ќе ни биде следен противник, ќе го чекаме смирено и ќе се обидеме да ги послушаме советите на тренерот“ – истакна американскиот плејмејкер на Карпош соколи.

Се вчитува...