Николов: Барди е наш херој, повторно сме спремни да ја направиме македонската нација горда!

Македонската репрезентација веќе почна да се подготвува за најголемиот настан ова лето, Европското фудбалско првенство. Селекторот Игор Ангеловски ги стартуваше тренинзите со фудбалерите на кои ќе смета за претстојниот турнир, а Бобан Николов ги потенцираше очекувањата за европскиот собир.

Фудбалерот на италијански Лече истакна дека сите фудбалери кои се тука се подготвени да го дадат својот максимум на зелениот терен и да го дадат последниот атом од силата, а истовремено даде голема поддршка за Енис Барди, кој доби позитивен на Ковид-19 и нема да биде со тимот од стартот.

„Тренираме добро и напорно, но мора да се подготвиме максимално за првенството. Прво чека меч со Словенија, потоа со Казахстан, се надевам дека ќе ги одиграме мечевите добро и дај Боже да бидеме сите здрави и без повреди да можеме да се покажеме максимално. Видовме што се случи со Барди, знаеме дека тој е наш херој и ќе го преброди ова. Има целосна поддршка. Спремни сме да ја направиме македонската нација пак горда. Голема е разликата кога играш во клуб и во репрезентација. Тука сме заедно за една цел и македонската јавност нема да зажали што не поддржува. Знаеме да се носиме со таа тежина и притисок, многу пати сме го покажале тоа. Кога било најтешко секогаш сме покажувале карактер. Оваа репрезентација има сила и карактер и цел Балкан ќе навива за Македонија. Ова ЕП е шлагот на тортата за сите резултати“, изјави Николов.

Се вчитува...