Николов: Доколку се играа сетовите до 20 поени ние ќе имавме две победи

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Македонската одбојкарска репрезентација го забележа и вториот пораз на Европското првенство, откако во второто коло загуби од репрезентацијата на Турција со 3-0 (25-20, 25-23 и 25-13). Репрезентативецот на Македонија Ристо Николов, вели дека Турција беше подобар противник.

„Штета, првите два сета се држевме. Ако се играа сетовите до 20 ќе имавме две победи. Турција беше посилна од нас Лагумџија самиот ни зема 20 поени. Ние даваме се од себе, но Турција беше пресилна“, изјави Николов.

Утре црвено-жолтите во третото коло ќе играат против фаворит во групата, репрезентацијата на Русија.

„Против Русија ќе уживаме. Тие се број еден фаворит за освојување на златниот медал“, заврши Николов.

Се вчитува...