Николов на лекарски прегледи во Лече – Денеска потпис со италијанскиот клуб

Македонкиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов е на лекарски прегледи во Лече каде се очекува во денот да биде преставен и во нов фудбалер на тимот од италијанската Серија Б.

Бобан Николов во Лече ќе се пресели од редовите на унгарскиот МОЛ Фехервар од кој беше дел од 2018 година. Покрај во МОЛ Фехервар Николов беше дел и од Вардар во историската сезона во која најтрофејниот клуб настапуваше во Лигата на Европа, а настапуваше и за романскиот Виторул.

Николов во Лече ќе биде втор Македонец, бидејќи дел од тимот е и поранешниот репрезентативец Леонард Жута.

Се вчитува...