Николов: Овој пораз нема да не поколеба!

ЕКИПА во Гдиња,

Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски

Не е лесно да се поднесе пораз од 5-0, па дури и ако се работи за една моќна Шпанија. Останува впечатокот дека Македонија заслужи повеќе, со оглед на играта што ја прикажа против „црвената фурија“. Бобан Николов, вели дека ова нема да ги поколеба македонските фудбалери во намерата да се издигнат и да остварат поволен резултат на следниот меч на ЕП против Србија, во вторник во Бидгошч.

„Не заслуживме ваков убедлив пораз. Шпанија е силна, го покажа сио свој квалитет, но и ние имавме одлични моменти, дури и париравме во поседот на топката. Разликата е што тие ги претворија во голови своите први три шута кон голот на Алексовски, а ние немавме свој ден кога е реализацијата во прашање. И 5-0 секако е огромен пораз. Но, нема да дозволиме тоа да не поколеба. Веќе се договоривме во соблекувалната по мечот, дека ќе го оставиме зад себе овој пораз и дека ќе ги кренеме главите горе, мислејќи на следниот дуел со Србија“, изјави Бобан Николов по дебитанскиот натпревар на младата селекција на Македонија на Европското првенство.

  

Се вчитува...