Николов пред потпис за Салернитана!?

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов е пред потпис за новиот член на Серија А, екипата на Салернитана.

Како што пренесува „Спортмедиасет“, Салернитана е во завршни преговори со Николов кој на крајот од сезоната се одлучи да се раздели со Лече.

Салернитана во новата сезона ќе игра во Серија А, откако минатата сезона го освои второто место во Серија Б и се промовираше како нов член на елитното друштво во Италија.

Претходно во својата кариера Николов беше дел и од романски Виторул, Вардар, како и Мол Фехервар.

Се вчитува...