Николов промовиран во ФЦСБ: Тренерот Дика истакна дека дошол на препорака на Танасе (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов официјално промовиран во романски ФЦСБ, поранешна Стеауа.

Николов, како слободен фудбалер по завршувањето на соработката со Шериф Тираспол, потпиша за романскиот прволигаш. Претходно, интерес за Николов имаше и од новосадска Војводина, но се чини ќе биде прифатена понудата од ФЦСБ.

Николов, кој потекнува од фудбалската школа на штипска Брегалница, својата професионална кариера ја започна токму во Романија, во Академијата на Хаџи, како и во Виторул Констанца, а потоа настапуваше и за Вардар, Видеотон и италијанскиот Лече.

Тренерот на ФЦСБ, Николае Дика посочи дека Николов брзо ќе се вклопи во тимот, а Флорин Танасе бил човекот кој го препорачал во клубот и брзо се завршила работата.

„Николов е прекрасен карактер, искусен играч, кој има настапи на европската сцена и настап на ЕП. Добро го познавам, а преку Флорин Танасе, кој добро го знае го препорача кај газдата Бекали, а тој ме праша и брзо заклучивме дека треба да го земеме“ – откри Дика.

Се вчитува...