Николов: Се радувам што ќе се видам и играм против мои пријатели и поранешни соиграчи, но утре ќе сме жестоки противници

ЕКИПА во Букурешт, Романија

Владимир Булатовиќ

Фудбалерот од средниот ред на италијански Лече, Бобан Николов, повторно се враќа во Романија по годините минати во романскиот фудбал како член на Академијата Хаџи.

Сега, против добро познати индивидуалци од составот на Романија, вели дека е среќен што игра против свои добри пријатели и поранешни соиграчи, но на терен утре ќе бидат жестоки противници.

„Се радувам на можноста да се видам и да настапувам против мои поранешни соиграчи кои ги знам долго време ако се знае дека од 12-13 години пристигнав во Романија. Но, и покрај тоа што сме одлични пријатели утре на терен ќе бидеме вистински противници, и нека победи подобриот. Може да кажам дека сум среќен што Букурешт ќе биде и наш домаќин на Европското првенство, имам многу пријатели тука кои знам дека ќе бидат наша вистинска поддршка“ – истакна Николов.

А, околу резултатот на утрешниот натпревар…

„Бодот не би бил лош резултат. Романија ја носи фаворитската улога, но ние имаме свои цели и секако дека одиме на позитивен старт на новиот квалификациски циклус“ – дополни Николов.

 

Се вчитува...