Николов: Шериф е одличен проект со нетрпение го очекувам стартот на ЛШ

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов во интервју за клупскиот сајт зборуваше за очекувањата од сезоната во Шериф Тираспол клуб во кој стигна во летниот преоден рок, а со кого сезонава ќе настапува и во Лигата на шампионите.

„Ми се допаѓа проектот во кој сум вклучен. Се надевам дека брзо ќе се адаптирам и дека ќе го давам максимумот за својот тим. Видов како играше Шериф против Динамо Загреб. Ние сме добар тим, реков дека се надевам дека и јас ќе го дадам својот придонес. Играме во Лигата на Шампионите. Верував во момците дека ќе успеат да се пласираат во ЛШ, така и беше. Можеме да играме на високо ниво. Од Италија носам позитивни впечатоци. За мене е голем чест што сум во клуб како што е Шериф. Секој сака да игра во ЛШ. Ќе дадам се од себе за да учествувам во победите на Шериф“ “ посочи Николов.

Шериф во 1. коло од групната фаза во Лигата на шампионите во среда ќе го пречека украински Шахтјор Доњецк.

Се вчитува...