Николов со асистенција за триумф дебитираше во дресот на Видеотон

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов денеска го имаше своето деби во дресот на Видеотон во првенството на Унгарија. Видеотон славеше со 2-1 против Вашаш, а Николов беше асистент на победничкиот гол за својот тим што го постигна Шчеповиќ во 60.минута од средбата.

Во составот на Вашаш настапи уште еден македонски репрезентативец, Кире Ристевски, кој исто така одигра квалитетен натпревар. Вашаш во 72.минута остана со играч помалку на овој меч, па немаше сили за да стигне до реми.

Се вчитува...