Николов со МОЛ Види освои бод против Челси

Бобан Николов со унгарскиот МОЛ Види  одигра нерешено со  Челси на домашен терен (2-2), во последното коло од групната фаза во Лига Европа. Овој натпревар го водеше македонскиот судија Александар Ставрев. Без разлика на резултатот од овој последен дуел, Челси веќе ја имаше обезбедено првата позиција во групата. МОЛ Види останува без пласман во следната фаза од Лига Европа, на третата позиција зад БАТЕ Борисов кој го победи ПАОК во гости со 1-3.

Челси поведе во 29.минута со голот на Вилијан од слободен удар на работ на шеснаесетникот. Само три минути потоа Ампаду лошо реагираше, се обиде го пресече центаршутот од корнер, но со глава ја смести топката во сопствената мрежа и постигна автогол за 1-1.

Унгарскиот тим во 57.минута поведе со 2-1 со погодокот на Него по прецизната асистенција на Миланов. Георги Миланов испрати прецизен центаршут во шеснаесетникот, а Него ја прифати топката и  со прецизен удар ја смести во голот на Челси.

За ново изедначување се погрижи Оливие Жиру кој прецизно го изведе слободниот удар малку пред шеснаесетникот и го погоди левиот агол на голот на домаќините за 2-2 во 75.минута.

Се вчитува...