Николов, Велковски и Муслиу знаат како се победува на „Шукру Сарачоглу“

ЕКИПА во Истанбул, Турција
Горан Бошев

Стадионот „Шукру Сарачоглу“ или по ново „Чобан Арена“ во Истанбул, ќе биде домаќин вечерва на македонската репрезентација. Модерна Арена која собира 50.000 гледачи, и вечерва ќе биде полна на првиот меч на Турција пред настапите на Мундијалот.

Иако вечерва репрезентативците ги чека жестока атмосфера, сепак, некои од нив знаат како се освојува овој стадион.

Дарко Велковски и Бобан Николов играа во првите 11 на Вардар во таа легендарна 2017 година, кога Вардар го победи Фенербахче и се пласираше во Лигата на Европа. Висар Муслиу, пак, влезе во второто полувреме на тој натпревар.

На овој стадион имаат играно и Елиф Елмас и Езѓјан Алиоски, кои играа во Фенебахче, додека како гостин има настапувано и Дарко Чурлинов со неговиот Коџаелиспор.

Се вчитува...