Николов: Верувајте… Во следниот циклус ќе се бориме за една од првите две позиции!

Фудбалерот од средниот ред, Бобан Николов го потенцира разочарувањето што Македонија не успеа да стигне до толку посакуваната победа на дуелот со Албанија во Струмица, но нагласи дека оваа селекција покажа дека има иднина во себе во која мора да се верува…

„Заслуживме победа. Одигравме добар меч, но не искористивме неколку шанси по кои мораше да се задоволиме само со реми. Но, верувајте… Во следниот циклус Македонија ќе се бори за една од првите две позиции во квалификациската група. Ова што го одигравме на овие два септемвриски меча е само најава на вистинскиот лик на репрезентацијата кој ни следи во иднина“ – вели Бобан Николов.

Се вчитува...