Николовски од Њу Старс на проба во Рајо Ваљекано

Уште еден млад фудбалер од редовите на ФК Њу Старс пред активирање на интернационална кариера. И членот на кадетската репрезентација до 18 години, Дамјан Николовски е пред продолжување на кариерата во Шпанија.

Николовски деновиве е дел од тренинг кампот на Рајо Ваљекано во  Мадрид, Шпанија.

Претходно, дури четворица фудбалери од Њу Старс, членови и на македонските репрезентации до 15 и до 17 години, беа дел од камповите на украински Динамо Киев и еден од најдобрите шведски клубови, Малме.

Њу Старс оваа година со пет свои генерации стигна и до четвртфиналето од Купот на Македонија за млади категории.

Се вчитува...