Кошаркарите на Њујорк го победија Кливленд со 121-108 и поведоа со 3-0 во финалето на Источната конференција на НБА лигата. Сега се само на една победа од нивното прво учество во финалето на НБА од 1999 година.
Џејлен Брансон постигна 30 поени, а Микал Бриџис додаде 22. Заедно со Брансон и Бриџис, значаен придонес дадоа О-Џеј Ануноби со 21 поен, Ландри Шемет со 14 и Карл Ентони Таунс со 13 поени.
Никсите го завршија натпреварот со одличен процент на шут, погодувајќи 43 од 77 обиди од поле, вклучувајќи 11 тројки во 28 обиди.
Тимот од Њујорк ја постигна својата десетта едноподруга победа во плејофот и стана само седмиот тим во историјата на НБА што го сторил тоа. Последниот тим со таква серија беше Бостон Селтикс во 2024 година.
What were the Cavs doing on this possession? 🤔 pic.twitter.com/nIeDKss5ja
— Bleacher Report (@BleacherReport) May 24, 2026
Тренерот на Њујорк, Мајк Браун, по натпреварот истакна дека резултатот не ја одразува тежината на серијата.
„Ова е многу тешко. Играме против квалитетен тим кој има четири Ол-стар играчи и двајца врвни шутери, со одличен тренер Кени Аткинсон“, рече Браун.
Во тимот на Кливленд, Донован Мичел беше најефикасен со 23 поени, додека Џејмс Харден постигна 21. Кавалирсите се мачеа со шутот за три поени, погодувајќи 12 од 41, додека шутираа 12 од 19 од поле.
Четвртиот натпревар од оваа серија се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник во Кливленд.
James Harden doesn’t guard ANYONE on defense…
Just stands around watching every time 😭 pic.twitter.com/gcRJP9TezK
— BrickCenter (@BrickCenter_) May 24, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
