Ниокас му се придружи на Борко во Бенфика

Португалска Бенфика за која од летово настапува и македонскиот голман Борко Ристовски, доби уште едно големо засилување. Ново име во составот на Бенфика е поранешниот францускиот репрезентативец, Кевин Ниокас.

32-годишниот десен бек носи големо искуство од настапите со репрезентацијата на Франција со која стана европски и светски шампион, како и со клупските настапи во Франција и во Германија.

Ниокас минатата сезона настапуваше за Гумерсбах, а претходно играше во Гепинген, Шамбери и во ПСЖ.

Бенфика ја отвори сезоната со титула во португалскиот Супер куп во кој го победи градскиот ривал Спортинг, а целта во новиот амбициозен проект на клубот е освојување на шампионската титула.

На претставувањето Ниокас беше поздравен од своите нови соиграчи на оргинален начин:

Се вчитува...